На „Стокхолм Бротартреф“, Шведска, натпревар во борење за почетници, нашата мала принцеза Емили Ана Пешко го освои првото место. Таа има само три години.
Во Шведска во годината има по 2-3 вакви натпреварувања, каде што децата се мерат и се прават групи од по 4 борачи и се боррат по системот секој со секого.
Од тимот на поранешниот македонски репрезентативец Љубиша Пешко, „Боткирка вристлинг академија“, од 4 пријавени натпреварувачи освоија 4 први места.
– Се разбира, дека ми е уште помило што Емили Ана го освои првото место, бидејќи ова и беше прво претставување на едно масовно натпреварување- ни изјави нејзиниот тренер и татко Љубиша Пешко.
ipon.m/В.Д.