Каратистот Емил Павлов доби признание од матичниот Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип за врвни спортски постигнувања и афирмирање на оваа високо образовна установа, чиј студент каратистот на КК Штип. Признанието е потпишано од ректорот Саша Митров, а му го прердаде проректорот и истакнат спортист Кире Барбареев.
Да потсетиме дека Павлов минатата година стана европски сениорски првак, а годинава беше петти, но обезбеди норма за настап на првите Европски Олимпски игри во Баку-Азербејџан во јуни.
ipon.mk/В.Д.