Емил Павлов: Не се задоволувам со сребрен медал, ќе дадам се од себе да станам шампион!

„Имав 5 тешки борби од кои сите ги победив. Патот до финалето беше многу тежок,имав многу тешка група“, вели за Ипон.мк најдобриот македонски каратист и финалист на Светското првенство во Дубаи, Емил Павлов и додава:

Во првото коло го победив претставникот на Словачка со 4-3, потоа Узбекистанецот 3-0, па Јорданецот 3-1 и репрезентативецот на Египет во 4-тото коло 4-1, а во полуфиналето 3-3 против Унгарецот, но јас земав прв поен и така победив“.

Павлов за финалната борба со Стивен Дакоста вели: „Во сабота ме очекува тежок меч против олимпискиот шампион од Токио, Стивен Дакоста,но јас не се задоволувам со сребрен медал ќе дадам се од себе да станам шампион“!

Ова е најголем успех на еден македонски каратист. Како се чувтствуваш?

-Се чуствувам прекрасно за вакво нешто сонувам и тренирам цел живот. Ова плус е историја за македонското карате и македонскиот спорт.

Резултати Светско првенство:

-67 кг
Емил Павлов – Матеј Хомола (Словачка) 4-3
Емил Павлов – Садридин Сајматов (Узбекистан) 3-0
Емил Павлов – Абдалах Хамат (Јордан) 3-1
Емил Павлов – Али Елксави (Египет) 4-1
Емил Павлов – Мартиал Тадиси (Унгарија) 3-3
Финале
Емил Павлов – Стивен Дакоста (Франција)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО