Емил Павлов е во финалето на Балканското карате првенство за сениори во категоријата до 60 килограми.
Павлов во полуфиналето го совлада турскиот репрезентативец Ерај Самдан со 1-0. Тој во текот на целата борба притискаше и на крајот сосема заслужено го совлада Самдан.
Во првата средба Павлов исто така совлада турски репрезентативец, Океш Тасоглу, 3-0, потоа Милош Џаковиќ од Србија со 4-1.
Ipon.mk/В.Д.