Енес Смаилагиќ: Повредата ми даде крилја да победам во финалето! (ФОТО)

Enes na piedestal BP 2016

Енес Смаилагиќ (-75 кг) вчера го осветли образот на македонското карате со освојувањето на на златниот медал на Балканското првенство за сениори во Истанбул, притоа освлада и светскиот првак Муслум Баштрук од Турција.

Enes povreden 2016 BP

Сепак, еден момент стана критичен по прекинот на борбата поради обновената повреда, која имаше психолошко вливание, а и лекарот можеше да му забрани да настапува. Тоа се моемнти кои одлучуваат за тоа како ќе излезеш од најтешкиот момент.

„Со повреда се здобив во третата борба со Босанецот, потоа интервенира докторот. Јас и не гледав за каква повреда станува збор, туку бев концентриран на борбата. Таа повреда дополнително ме фокусираше, однонсо ми даде крилја да го добијам и финалето“.

Enes i Adil so medalite

Енес не одбра тактичка борба со чекање туку напаѓаше и поентираше.

„Со тренеот договаравме тактика да бидам претпазлив на неговата предна рака, бидејќи тоа е неговото најмоќно оружје. Ја имав борбата од самиот почеток во главата и чекав негова грешка. При моето водтсво од 1-0 тој начека една моја грешка и ми изедначи резултатот. Потоа се смирив и продолжив со истиот начин на водење борбата и тоа резултираше со круцијалните тру поени за 15 секунди. До крајот борбата продоложив исто темпо и станав балкански шампион“.

Enes i Jovan na BP 2016 so medalot

Ова е пресврт во  кариерата на Енес и борба за место во репрезентацијата за ЕП и СП, кое секако долго време го очекува, а чувствата се прекрасни.

„Чувството е прекрасно, знаејќи колку труд, работа и време вложив за истото да стане реалност. Залагањето на тренинг и различните спаринг партнери се дел од овој успех. Поинаквиот приод кон тренингот ми го донесе овој успех. Сега продолжуваме со циклусот на критериумски турнири. Следни се Лашко и Салзбург и тие ќе го одредат учеството на ЕП во Монеплје во Франција“.

Enes i Adil so medalite

Конкуренцијата во категоријата до 75 килограми на домашен план е жестока и повеќе од сигурно е дека ќе гледаме многу интересни дуели.

„Секој од нас четворица е одличен борец кој може да се наметне за место во репрезентацијата. Се работи за добри искусни борци, кои на секој турнир одат на победа. И мене ми е драго што тие ми се конкуренцијаљ, бидејќи со такви каратисти може да станам само подобар“.

Смаилагиќ порачува: „Ќе продолжам со ова темпо и се надевам на подобри резултати во иднина“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО