Емил Павлов е во финалето на Премиер лигата во Салзбург, Фахик Весели во репасаж

142

Емил Павлов се пласира во финалето на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург во категоријата до 60 килограми. Во борбата за златото ќе се бори со Анџело Кресченцо од Италија. Во полуфиналето со 2-1 славеше против Казахстанецот Дархан Асадилов.

Финалето е во недела.

Павлов лани во Москва освои златен медал на Премиер лигата.

Во оваа категорија има Фахик Весели ќе има шанса преку репасажот да стигне до борба за бронзениот медал, бидејќи Анџело Кресченцо од Италија се поласира во финалето. Весели од Италијанецот загуби во третото коло.

Резултати
60 кг
Емил Павлов – Фахед Ахмад (Јордан) 3-2
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 1-0
Емил Павлов – Јеркинбек Баитурејев (Казахстан) 4-0
Плуфинале
Емил Павлов – Дархан Асадилов (Казахстан) 2-1
Финале 
Емил Павлов – Анџело Кресченцо (Италија)

Фахик Весели – Алехандро Ортиз (Шпанија) 2-1
Фахик Весели –Абудах Шабан (Кувајт) 1-1
Фахик Весели – Анџело Кресченцо (Италија) 1-4
Репасаж
Фахик Весели – Калвис Калнин (Латвија) 2-5

Столе Смилковски – Наото Саго (Јапонија) 1-2