Во Карате федерацијата на Македонија се уште е големо незадовоството по донесувањето одлуката за стапување на сила на новиот Правилник за избор и работа на селекторите на државна репрезентација на КФРСМ; Правилникот за избор и работа на државните репрезентативни селекции на РС Македонија во карате спортот на КФРСМ и Кодекс – правила на однесување на репрезентативците и официјалните лица на КФРСМ. Ова предизвика многу реакции кај клубовите и тренерите. Но, веќе некое време се забележува растрчаност на терен пред она што е се поизвесно, ново вонредно Собрание на КФРСМ за избор на нов претседател и раководство.
Вчера со отворено писмо реагираше поранешниот селектор Сашко Арсовски, сметајќи дека поранешниот претседател Драган Стојановски непринципиелно оди на терен и агитира за останување на сегашното раководтство.
По трофејниот каратист, тренер и селектор, реагира и освојувачот напрвиот златен медал за независна Македонија, Елвир Куртановиќ, исто така и успешен предводник на КК Кеикс.
„Да почнам со Почитуван, како што треба, не можам од причина што не сакам да бидам неискрен, туку веднаш сакам да преминам на причината за која ви се одбаќам. А, причината е добронамерна и во правец на релаксација на тензиите, која вие со вашето вклучување ја подигате на едно многу ризично ниво, за кое претпоставувам сте или не сте свесни.
Со ваше влијание и по ваша желба мнозинство на клубови ве испочитуваа и ви ја дадоа довербата за избор на претседател да биде Петар Белистојаноски, па и за Горан Милковски. Сега, тоа исто мнозинство сака промени кои се резултат на лошото работење и нарушени комуникациски односи предизвикани од слабите потенцијали и малите можности на раководството на КФРСМ.
Уште милион причини можама да набројувам со цел да ви сугерирам да се тргнете настрана и не влиајете на клубовите, затоа што ние сега веќе сме мнозинство и сме цврсти во ставовите дека вака нема да отстапиме од нашата јасна дестинација, а тоа е промена на целото актуелно раководство на КФРСМ .
Долгите пораки некогаш носат нејасни и погрешни заклучоци, па ќе скратам со молбено барање до вас да останете во висина на вашиот статус во федерацијата Почесен претседателе на КФРСМ и не се мешајте во оваа законска, статутарна и морална намера на клубовите. Негативните влијанија носат голем ризик и негативен публицитет на спортот и на поединците во нашиот спорт“, вели Куртановиќ во писмото до поранешниот претседател Драган Стојановски.