Елвир Куртановиќ: На Јусра Адеми и е одзедена можноста да настапи на Европското првенство, поради лошите судиски одлуки

 

Тренерот на КК Кеикс, Елвир Куртановиќ смета дека неговата каратистка Јусра Адеми нема да оди на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Данска во февруари 2019 година поради лоша судиска одлука на Државното пренство.

„Од самата снимка јасно се гледа колку судиите нестручно и неспортски го судеа мечот. Се добива впечаток дека се работи за тотални непознавачи на каратето, но сигурно не е тоа, ако ја погледнеш целата слика на ова натпреварување, јасно ќе ви стане дека подршката на неколку клуба блиски до раководството на КФМ не е само во нивното финансирање, туку цела организациска структура на Федерацијата, вклучувајќи ги и Судиската организација (се разбира, не сите) е заложник на плановите и желбите на поединци.Ова не беше единствен случај ниту единствен натпревар што го покажа нивото и квалитетот на Судиската организација. Ова се случува во континуитет и секогаш кога за противник имаш поединец или клуб бизок до актуелното раководство, па дури и челинџите со нив беа невозможно да ги добиеш. Да појаснам, ако овој меч беше суден како што треба, Јусра Адеми ќе одеше на претстојното Еврпоско првенство во Данска. Одземениот меч (со казни) и трудот кој оваа млада спортистка го вложува веќе 8 години и зад која стојат неколку државни и балкански медали, судискиот панел го одзеде за 2000 денари судиска такса, без грижа на совест, свесно мижеа таму каде што требаа да досудат поени. Ова што го тврдам повелете пресудете сами од аматерската снимка“, вели тренерот на Јусра, Елвир Куртановиќ и додава: „Сите овие атрактивни техники со нозе за судиите не беа поени. И, само да појаснам, да не бидам погрешно разбран, во ова планско сценарио спортистите немаат никаков удел ниту вина“.

https://www.facebook.com/karateklub.keiks/videos/2178301965537780/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON