ЕКСКЛУЗИВНО: Ристо Димитров против светската ѕвезда Робин ван Росмален!

 

На 28 издание на ФФЦ во Атина на 11 март нашиот ММА борец Ристо Димитров – Чуринот (1-1 ФФЦ) се среќава со светската кик бокс ѕвезда Робин ван Росмален (1-0 ММА)од Холандија кој почнува да гради и ММА кариера. Тие ќе се борат во категоријата до 66 килограми.

Минаитот месец Росмален ја изгуби титулата на Глори 37 Суперфајт  во перолесна категорија со технички нокаут во четвртата рунда од предизвикувачот Мет Ембре.

Инаку настанот во Атина е со слоганот „Грција против остатокот ос светот“ и на него ќе се појават многу регионални борци како Стошиќ, Билиќ, Петје, Захариев Пејиќ, Марјановиќ, Цикотиќ и други.

На Димитров ова ќе му биде трет настап на ФФЦ, во претходните два забележа победа против Гркот Грегориос Вардис на ФФЦ 10 во Скопје во 2013 година, а беше поразен во 2015 година на ФФЦ 19 од Австриецот со хрватско потекло Мануел Билиќ во Линц – Австрија.

Всушност, ова е најголемата борба што ја имал еден македонски ММА борец.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО