Петар Заборски во финалето на Европското превснство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Цирих водеше интересна борба со Антонио де Стефано (Италија) во категоријата до 76 килограми за јуниори. Заборски го загуби финалето со контроверзни одлуки на главниот судија, кој му додели казни во завршницата на борбата, кои, можеби требаше да ги добие неговиот противник, на што алаудираа публикатра и конемтаторот на преносот на финалето.
Иако борбата во регулраниот дел борбата заврши 1-1, но поради казни и недозволени удари, како што процени главниот судија, однсоно 4 казни, се поништи целиот резултат и му се додели службен резултат на Италјанецот од 8-0.
Дали замислуваше дека на таков начин ќе се заврши финалната борба?
-Искрен да бидам, не ни помислив дека на еден вака голем натпревар, како што е Европско првенство, на кое учествуваа 48 држави, во една финална борба, кога се борат двајцата најдобри за да докажат кој е подобар, судијата кој го води натпреварот, фактички, да може и да го одлучи победникот. Натпреварот беше едно вистинско финале со рамноправност и резултатска изедначеност 1-1. Јас имав предност, бидејќи на два пати имав по едно знаме за поен и бев поактивен со голема желба за победа, така што, ако дојдеше до судиско изјаснување, кое беше неизбежно, постоеше голема веројатност другите линиски судии да се одлучат за мене. Затоа главниот судија многу вешто се потруди да не дојде до изјаснување и на само 10 секунди до крајот ми ја досуди 4 –тата по ред казна за прекумерен контакт. Јас не се лутам на Италијанците, тие се познати по таков начин на добивање на борбите, тие се служат со се и сешто , но, најверојатно, судијата не беше дораснат да суди едно финале и наседна на гримасите на мојот противник. Тој ми покажа казна за прекумерен контакт, која беше 4-ти по ред,а потоа следеше дисфалификација. Бидејќи Италијанецот се фати за лицето (тоа не е дозволено, тој требаше да добие казна, а не јас). Јас добив четири казни за контакт, од кои две беа класично „мубоби“ (ситуација кога противникот намерно се изложува да биде повреден), на лицето на Италијанецот немаше никаква трага од удар, сите го видоа тоа и сите знаат дека сум оштетен, ама, против тоа немаме право на жалба и моравме да ја прифатиме таа судиска одлука.
Што размислуваше во тие моменти?
-Ми беше многу тешко но сепак достоинствено и спортски ја прифатив судиската одлука. Против тоа, никој не може ништо да промени. Едноставно, такви се правилата. Се нема право на жалба.
Што мислиш за Италијанецот?
– Го запознав неодамна на турнирот во Самобор, на „Кроација гранд при“, пред само 15 дена, тогаш се борев со него и го победив во првото коло со резултат 2-0. Имав пет победи и влегов во финалето, а Италијанецот преку репасажот дојде до третата позиција. Тоа е модерен каратист, добро подготвен и тактички спремен, научен да дојде до победата по секоја цена. На „Кроација“ го победив. Ќе го победев и на Европското првенство ако имаше пореално судење. Се надевам дека повторно ќе се сретнеме и ќе ги израмниме сметките на некое следно натпреварување.
Сепак, постигна голем успех. Пред патувањето на Европското првенство не беше толку голем оптимизмот. Дали настапот од сенка за вклучување во борба за медали ти беше олеснувачка околност?
-Точно е дека сребрениот медал е извонредно голем резултат. За мене преставува голем потстрек. И, мислам дека резултатот дојде во вистински момент. Јас секогаш сум оптимист, тоа го докажав и на последните контролни натпревари, прво на Балканското првенство во Софија во конкуренција на 32 спортисти од 12 држави бев финалист, потоа на Кроација Гранд При (23 држави со 38 спортисти во категоријата) со 6 борби стигнав до финалето. Овие две контроли ми ги подигнаа моралот и самодовербата. Направивме еднонеделни купски подготовки во Маврово, бевме сместени во хотелот на Макпетрол, а потоа и два дена пред тргнување во Скопје имавме заеднички тренинзи со репрезентацијата. Јас, навистина се чувствував многу подготвен и имав голема сигурност. Не оставивме ништо на случајност, едноставно, се наместија коцките и по трет пат за еден месец стигнав до третото финале, овој пат најзначајното, на Европско првенство.
Што размислуваше кога почнаа да се нижат победите? Кој ти беше најатрактивен поен и против кого? И, кој противник ти беше најтежок?
-Во првата борба имав спортист од Хрватска него го победив со резултат 3-0. Потоа во второто коло се сретнав со натпреварувач од Германија, исто така го победив самоуверено со 2-0, а во третото коло ја имав најнеизвесната борба со Белорусин. Ова беше многу тврда борба и на само пет секунди до крајот имаше прекин, а губев со резилтат 1-3, одлучно тргнав во последен напад. Свесно и концентрирано, со огромна желба да освојам поен со нога. Успеав да го направам најтешкиот ножен удар-уширомаваши. За тоа добив три поени и поминав во водство. Тој удар ме однесе во полуфиналето, каде што се сретнав со многу висок, брз, експлозивен и самоуверен каратист од Шведска. Најверојатно, тој ме потцени. Скапо го чинеше тоа, загуби со 2-0, а јас влегов во финалето. Швеѓанецот се бореше го освои бронзениот медал. Имав многу тежок жреб. Имав и повреди. Во третиот натпревар од преголема желба да го стигнам противникот и да поентирам со удар во глава, спечалив истегнување на задниот ножен мускул. Сепак, издржав и стигнав до целта.
Како ја доживеа целата атмосфера по завршувањето на финалната борба, ако се има во предвид дека публиката застана на твоја страна?
-Бев многу среќен, затоа што во текот на целата борба технички бев подобар, а публиката покажа дека сум апсолутно подобар противник. Публиката и сите присутни ја видоа мојата желба за победа, пожртуваноста и многубројните акции, за да освојам поен и да дојдам до победата. Тоа право ми беше скратено, сосема неправедно од страна на главниот судија.
Кој се учествуваше во ковањето на европското финале?
-По новите правила сега им се дава поголеми права на главните судии, што го водат натпреварот. Само тие имаат право да дадат казни и за удари, но и за излегувања, држења, промашувања, неспортско однесување и слично. Аголните судии не требаше два пати да ја прифатат казната за прекумерен удар, бидејќи такво нешто немаше. Нашите и други судии дискутираа дека на два пати имало класично (мубоби), за тоа противникот требаше директно да добие казна пред дисфалификација, затоа што се послужи со неспортско однесување за да дојде до победата. Судиите наседнаа на таа провокација, дали намерни или ненамерно, тоа ќе остане големо прашање кое не може да се докаже.
Што понатаму?
-Еден мал период сакам да се одморам. Имам зацртано план и програма за подготовки за учество на Медитеранското првенство во септември. Ако успеам да направам добар резултат и изборам пласман, ќе учествувам на Светското првенство во ноември во Џакарта, Индонезија. Би бил најсреќен ако успеам и од таму да донесам медал или остварам висок пласман. Кај нас спортистите секогаш е така. Сега се почнува од почеток, исто како и во животот. Ме очекуваат многу предизвици, а треба само да бидам упорен и да истрајам.
Патот до финалето
Заборски до финалето дојде откако ги победи Леон Марцијус од Хрватска со 3-0, со 2-0 Максимилијан Бауер од Германија, Аликсандир Хурхам од Белорусија 4-3 и во полуфиналето беше подобар од Швеѓанецот Лудвиг Ингемансон со 2-1.
ipon.mk/В. Донев