Дали е Петар Белистојановски е најсреќниот тренер по освјувањето и на вториот медал на Европските игри во Баку,односно имаш скор два од два?
–Уф! Чуството е одлично, два медала во ваква силна конкуренција е голема работа! Тоа се историски медали, не само за МАКЕДОНСКОТО КАРАТЕ туку, воопшто за македонскиот спорт, – изјави за ipon.mk тренерот на карате репрезентацијата Петар Белситојановски, кој оваа година има и една бронза од Европското првенство во Истанбул, токму со Мартин Несторовски.
Како ја доживеа/виде борбата на Мартин?
–Мартин борбите во групата ги изработи одлично. Со Маргаротопулус тргнавме на победа, но Гркот беше многу затворен, а беше и прв меч, па како одминуваше борбата и ние не сакавме да ризикуваме и така ја доведовме до реми. Со домаќинот Атамов одлично изработи тактички. Доста добро го имавме изанализирано, така што Мартин имаше успешен настап, победи. Последното коло ни одговараше и пораз од седум поени разлика, па со Еркан многу не се трошеше и изгуби со 0:3. Во полуфиналето против Хорне брзо изгуби поен, па мораше да брзаа тоа искусниот Германец го казни.
Со актуелниот европски првак, Србинот Битевиќ, во борба за трето место тактички го унистивме и го оставивме без идеја. А, успешно ги добив двата челинзи, кои судиите не ги видоа и не дозволив Србинот да се одлепи, додека Мартин во борилиштето беше перфектен.
Пресреќен сум, од тоа што го направивме и се уште сум под еуфорија. Одлично ја истемпиравме формата и ги изанализиравме противниците.
ipon.mk/В.Д.