Организациониот комитет зa Олимписките игри во 2020 во Токио (TOCOG) му предложи на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да го вклучи КАРАТЕТО како дополнителен спорт за овие Олимписки игри. Предлогот вклучува поединечни категории во кати (машки и женски) и поединечни категории во кумите (3 машки и 3 женски категории).
Пред еден месец сенсеи Масао Кагава во интервју за IPON.MK најави дека карате спортот со сигурност ќе биде предложен од Јапонија за ОИ во 2020 година во Токио. Кагава е селектор на јапонската селекција и претседател на Техничката комисија на ВКФ. Покрај каратето тој го спона и бејзболот, затоа што така се договориле во Јапонија.
-Многу е голема шансата каратето да биде олимписки спорт. 99 проценти сум сигурен дека каратето 2020 година ќе биде вклучено во програмата на Олимписките игри во Токио, рече Кагава во инетрвјуто за ipon.mk.
КАРАТЕТО И БЕЈЗБОЛОТ ВО ПАКЕТ НА ОЛИМПИЈАДАТА 2020
Јапонија има две сентиментални работи, два спорта. Прашањето е кој нив да биде на ОИ. Едната е каратето, а другата безболот. Што ќе избере Вашата земја од тие две сентиментални работи?
-Безјболот е најпопуларен спорт во екипните спортови, каратето е најтрадиционален боречки спорт и од сите 21 вештина (како џудо, кендо итн) е број еден. Веќе нема конкуренција кој спорт ќе биде на олимписката програма и двата спорта ќе бидат дел од Олимписките игри во Токио!
Зошто Јапонија сака каратето да влезе на Олимписките игри?!
-Како и секој човек на земјината топка, што знае дека Олимписките игри се најголемата спортска манифестација, а воедно и најгледаната во светот, така што, јас, како Јапонец, кој 50 години се занимава со карате, отсекогаш мојот сон бил каратето да дојде на Олимписките игри. Со самото влегување на каратето на ОИ, во светски размери, како и сите други спортови, кои земаат учество на Олимпијадата, владата ги подржува. Таа поддршка ќе расте уште повеќе. Јас ќе бидам најсреќен, бидејќи отсекогаш ми било сон, каратето да биде член на ОИ. Еве, сега сме на почетокот на остварувуњето на сонот.
Колку за сето ова придонесоа премиерот на Јапонија, Шеинзо Абе, парламентраната група за поддршка на каратето, сосатвена од сите политички партии во Јапонскиот парламент, градоначалникот на Токио, претседателот на ВКФ-Антонио Еспиноз и Вие, како и собраните 700 илјади потписи?
-Сите знаеме дека Токио е главен град на Јапонија, а бидејќи тој е држава во држава, што ќе каже градоначалникот тоа е закон во државата. Тој ги собра одговорните лица на каратето и безболот, при што си дадоа збор дека нема да се конкурираат меѓу себе, бидејќи и двете имаат поддршка од главниот град на Јапонија. Од друга страна, минатата година во декември, градоначалниците на главните градови кои биле домаќини на ОИ беа во Јапонија и сите заедно дадоа целосна поддршка каратето и бејзболот да бидат вклучени на Олимпијдата 2020 година во Токио.
По состанокот што го имаше градот Токио, кој има голема моќ, бидејќи тој е крвотокот на Јапонија. Поголема работа е кога се избира градоначалникот на Токио отколку премиерот на Јапонија. Кога главниот град се јавува кај премиерот, за да му даде поддршка, тогаш тој со двете раце ја дава.
ipon.mk/В.Д.