ЕКСКЛУЗИВНО: Игор Покрајац се враќа во УФЦ

igor_pokrajac_thumb2

За помалку од година ипол отсуство, Игор Покрајац, ќе се врати во најсилната ММА промоција во светот.

„Војводата“ на својот Фејсбук објави дека следната борба ќе ја има на УФЦ настанот во Загреб на 10 април. Ова е прв борец од регионот кој соопштува дека ќе потпише договор со УФЦ.

И нашиот Ристо Димитров-Чурино се бори да влезе на настанот во Загреб преку социјалните мрежи, односно преку неговата популарност.

Покрајац (37 г.) на УФЦ дебитираше во септември 2009 година, беше поразен од страна на Владимир Матјушенко. Во американската организација има постигнато 4 победи, 7 порази со еден поништен меч.

По поразот со TKO во првата рунда од Рожер Маркос де Лима, во декември 2014 година, кој беше петти меч по ред без победа, беше отпуштен. Потоа постигна три победи со прекини во првата рунда против послаби противници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО