ЕКСКЛУЗИВНО – европскиот првак Ристо Димитров: Не доаѓаше во предвид пораз пред домашна публика! (ФОТО)

risto-so-znameto

Ристо Димитров – Чурино синоќа на Битола и ја подари првата ММА титула. Тој на гала вечерта на ИСФА во Битола за титулата професионален првак на Европа во првата рунда со армбар во целосна доминација го совлада Црногорецот Амел Шабановиќ.  

publika-za-risto

Како ја виде борбата за титулата?

 -Борбата помина супер. Се одеше како што планиравме со тимот, иако преморен од организацијата на се, се одеше како што мислев и планирав.

Како помина целиот настан? 

-Настанот беше супер, голем настан, со големи имиња од ММА и политичката сцена, звучни имиња од спортот воопшто. Се потрудивме настанот да биде на највисоко можно ниво. Со тоа што го имавме направиме нешто светско, а така и беше!

risto-zboruva

Што значи оваа титула за тебе, за Битола и за ММА спортот во Македонија?

Оваа титула ми значи многу. Ја добив со многу макотрпна работа, дадов се од себе и пред домашна публика. Битолчани видоа еден голем настан и една европска професионална титула!

Го очекуваше ли ова?
Да! Морав да победам! Не доаѓаше во предвид пораз пред домашна публика и затоа дадов се од себе.

Дали по оваа титула во ИСФА на ред е и посилна промоција?

-Се надевам! Сега малку одмор да се рехабилитирам и потоа одиме со нови и до нови успеси!

Едноствано, како се чувствуваш?  

-Се чуствувам преморен, ама и пресреќен, мило ми е што ја зедов титулата на домашен терен, пред домашна публика, пред луѓето што ги сакам!

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО