ЕКСКЛУЗИВНО – Кро Кап: Имав мозочен удар – веќе не смеам да влезам во ринг! (ВИДЕО)

Мирко Филиповиќ објави дека ја завршува својата легендарна кариера.

44-годишниот Кро Кап во разговор за ТВ Нова изјави дека имал мозочен удар и повеќе не смее да се бори.

„Имам проблеми со вратот, се онествестувам штом ќе го свртам вратот. Отидов на магентна резонанца на вратот, колор доплер, сè беше во ред. Болката ми пречеше, мислев дека така мора да биде. Потоа го ротирав вратота десет пати во една и десет пати во другата страна, и се онесвестив! Целата болница го знае тоа, имав мозочен удар. Тој излив можеше да отиде во лево, можеше десно, ми пукна жилата. Можеше да биде кобно, а да имав и втор ќе беше. Три месеци не смеам да тренирам, само лесно да шетам. Веќе никогаш не смеам да влезам во ринг ниту да спарирам“, рече Филиповиќ.

Рече дека пет лекари му го потврдиле истото.

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/videos/412183256257638/

Обраќањето на Мирко Филиповиќ до јавноста погледнете го ОВДЕ.

„Знаат каков и затоа сите се овде. Ќе тренирам на боксерска вреќа, но не смеам повеќе да спрарингувам. Која било форма на склекови, возење велосипед, ми го зголемуваат притисокот и може да предизвикаат ново крварење. Новиот мозочен удар може да биде смртоносен. Во подобар случај. Во полош може да ми бидат парализирани рацете и нозете, и да не сум свесен за околината… Пред последната борба немаше никави знаци, но вратот ме боли два месеца. Ми се стемнува кога ќе се свртам. Минатиот викенд морав да возам во Винковци 50 метри наназад и два пати морав да застанам, се ми се стемни. Тогаш се затетеравив и паднав во несвест. Пријателите околу мене почнаа да се смеат: „Како успеа да го направиш тоа?!”, мислејќи дека тоа е една од моите шеги. Но, кога почнав да стенкам од болка, сфатија дека тоа не е шега. Ме сврте на страна и потоа ме однесоа до болницата во Дубрава. Каков било констакт морам трајно да го  исфрлам, затоа што секој удар во главата може да биде втор мозочен удар“.

Филиповиќ најголемиот момент во неговата кариера го доживеа во 2006 година кога го освои Гран-прито на Прајд во тешка категорија. Тој го освои К-1 Гран-при во 2012 година, а во 1999 година се бореше во финалето. Во 2016 година го освои Гран-при Ризин.

Последната борба ја направи на 16 февруари во Анкасвил, каде што во реванш мечот со едногласна одлука го порази Рој Нелсон.

За време на неговата кариера ги победи Петар Аертс, Жером Ле Банер, Реми Боњаски, Сем Греко, Џарел Милер двапати, Јан Нортје, Мајк Бернардо, Мусаси, Глоб Феитоса, Боб Сап, Марк Хант, Реј Сефо, Исмаел Лондт, Павел Журвалев, Вондерлеј Силва, Џош Барнет три пати, Казујуки Фуџита, Хит Херинг, Игор Вовчанчин, Александар Емилијаненко, Кевин Ранделмен, Марк Колеман и Габриел Гонзага.

https://www.instagram.com/p/BueeR3TAJi0/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON