Американецот падна како да го погодил гром, а силината на ударот на Ајагба ги изнанеди и коментаторите
Нигериецот Ефе Ајагба победи со ефектен нокаут на боксерската претстава во Тулса, САД, а од силината на неговото кроше како покосен падна Американецот Брајан Хауард.
Од силината на ударот беа изненадени и коментаторите, а судијата воопшто не му броеше на Хауард, кој беше во бесознание и мина за среќа без последици по тешкиот нокаут.
За Ајагбе ова беше 15 победа во исто толку мечеви, а моментно е рангиран како 17-ти на листата со најдобри тешкаши во светот на боксот.