Едсон Барбоза го нокаутира Шеј Бургос (ВИДЕО)

Едсон Барбоза забележа голема победа на УФЦ 262, што се одржа во Тексас. Опасниот Бразилец се сретна со Шејн Бургос во перо категорија. Во првата рунда Барбоза се потпираше на неговите тешки удари и не престана да работи на водечката нога на противникот.

Бургос пак го форсираше боксот и му зададе тешки удари на Бразилецот. Во оваа рунда Барбоса два пати успеа да го стресе Шејн, но Бургос покажа срце и издржливост и остана на нозе. Едсон речиси сигурно победи во оваа рунда. Во втората рунда продолжи здравата битка и размената на удари.

Овој пат Бургос изгледаше подобро и двајцата повторно се казнија со удари. Крв започна да тече од ногата на Барбоза поради бројот на удари што ги реализираше на Бургос. На крајот од рундата Барбоза се обиде со удар од вртење, но не ја погоди целта.

Сосема изедначена рунда и се чинеше дека победникот ќе биде оној кој ќе нанесе поголема штета во последната рунда. Во третата Барбоза започна агресивно, но Бургос не се предаде.

Едсон успеа да направи комбинација од левица и силна десница, по што Бургос започна да оди назад и да паѓа на земја. Барбоза реализираше уште два удари, по што судијата ја прекина борбата. Така, Барбоза победи со нокаут во втората минута од третата рунда.

Барбоза влезе во серија од две последователни победи во перо категорија. Тој ќе влезе во топ 10 од категоријата. Шејн е во серија од два последователни порази.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО