Еднорак мај тај борец прави чуда (ВИДЕО)

Синот на легендата на Челзи, Гевин Пикок – Џејк, ниже победи во професионалниот ринг на мај тај и покрај тоа што е со една рака.

Детето на поранешниот фудбалер се роди по 48 часа мачење, а за време на породувањето лекарите не успеаја да видат дека папочната врвца е обвиткана околу десната рака. Како резултат на тоа една од рацете на Џејк е многу кратка.

Сепак, неговиот татко ја охрабри неговата спортска страст и младиот човек тренираше уште од мали нозе пливање, фудбал, карате и сега има своја спортска сала. Паралелно со тоа, Џејк разви професионална кариера во мај тај и веќе победи на четири од четири меча.

„Мајка ми и татко ми секогаш ме поддржуваа. Тие се неверојатни! Никогаш не ме спречија да ги пробам работите што ги сакав. Јас пораснав без никакви ограничувања“, вели Џејк.

Очигледно тешките породувања се вообичаени за семејството. Пред неколку дена Џејк стана татко за прв пат. Неговото бебе се роди дома по 50-часовно породување, за што помагаше и самиот борец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО