Македонските борци на Сикст фајт најт чемпион 2 (Sixt Fight Night Champion 2) синоќа во Сплит, Хрватска, имаа биланс 1-2, однонсо една победа,која ја извојува Дејаф Стефановски, и два порази на Александар Ристовски Дарко Рунчев.
Дејан Стефановски (-77 кг) го победи Никола Карабува од Србија.
Дарко Рунчев (-77 кг) се сретна со еден од најдобрите ММА борци во Хрватска, Лука Чурковиќ, и ја загуби борбата со прекин. Иста судбина го снајде и Александар Ристовски (-93 кг) против домашниот борец Тео Радниќ. Ристовски беше пет килограми полесен од противникот.
Посебно внимание предивика борбата во супер тешка категорија меѓу Русинот Седушков и Хусеинов од Азербејџан, кои пружија повеќе атрактивни потези, по што победата му припадна на рускиот натпреварувач.
Зa борба на вечерта беше прогласена средбата меѓу Џевад Муфтиќ и Стјепан Барчиќ, а по две атрактивни рунди не се знаеше кој е победникот, но поради осекотината на усните,лекарите го прекинаа мечот, па така Стјепан Брчиќ е прогласен за победник.
Сепак, ѕвезда на вечерта е Матијас Бариќ, кој во последниот меч го совлада Едо Чварка. Имаше чест наградата да му ја предаде светската ѕвезда и едеен од најдобрите К-1 борци, Ернетсо Хуст.
ЏКК Ураган во соработка со продукцијата Меридијан добро го одработија овој проект, а, како што највуваат од таму, следното издание ќе биде во Македонија, најверојатно во Велес во октомври, дознаваме од наши извори.
ipon.mk/В.Д.