Една од најубавите воинки во светот: Ме силуваа во средно училиште, ММА ми го спаси животот! (ВИДЕО)

Пеjџ ван Зант, една од најубавите ММА воинки на светот, во денеска објавената нјезина книга за прв пат зборува за најтешките моменти од животот, силувањето и малтретирањето којашто ги доживелала во средно училиште.

Ван Зант во своите мемоари „Подем: Да ја преживеш борбата на својот живот“ и во последните интервјуа откри дека била на чекор до самоубиство и дека спорт и го спасил животот.

„ММА ми го спаси животот, ме спаси како личност“, рече 24-годишниот воинка.

Своето ММА деби го направи во летото 2012 година, а преку Инвикта ФЦ се пробива до УФЦ, во која е од 2014 година. Нанижа три победи пред поразот од Роуз Намахунас, се врати со победа против Бец Роулингс, а во последните два настапи загуби од Мишел Ватерсон и Џесика Роуз Кларк во јануари оваа година.

Пред десет години, како средношколка доживеала трауматично искуство. Како што самата кажа, а го пренесуваат бројни американски портали, во книгата детално опишала како ја силувале нејзините врсници кои пред тоа ја нападнале.

„Ме преместуваа, ги менуваа позициите, се обидов да се борам, но без успех. Екстремитети ми беа како мокар цемент, а во мозокот тешка магла. Будна сум и свесна, но моето телото ми беше мртво. Не можев да ги запрам“, опишува детали младата спортистка за која проблемите само што почнале по силувањето.

Поради гласините во училиште ја нарекле лесна девојка, а морала да го смени презимето, за повеќе да не ја нарекуваат „Пејџ Слатон/Slutton“ (наместо Sletten). Размислувала и за самоубиство.

„Не видов друг излез. Кога сте во таква позиција, кога чувствувате толкава болка, не сакате да умрете, но не сакате повеќе да ве боли“, вели Ван Зант. „Оттогаш поминаа 10 години, денес сум во поинаква позиција, имам поголема самодоверба, успешна сум и тешко е да се гледа назад и да се биде тажен“.

Со својата приказна сака да ги инспирира сите кои се нашле во слична тешка ситуација.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON