Еди Шерифовски дебитираше со победа на Европското првенство во џудо

Еди Шерифовски дебитираше со победа против Михаил Латишев од Молдавија во категоријата до 81 килограм на на Европското џудо првенство за сениори во Софија, Бугарија.

Шерифовски славеше со ипон за 1:15 минути.

Во второто коло се сретна со Британецот Лашлен Мурхед и загуби (ханцу цумаки) со дисквалификација, така проценија судиите – имало „нуркање на глава“.

Сепак, ова е ветувачки настап за Шерифовски и знак дека може да се носи со конкуренцијата.

Утре настапува вториот наш џудист, Андреј Чакаровски (-90 кг), кој ќе се сретне со Јохан Ленц од Германија.

На Европското првенство ќе настапат 362 натпреварувачи, 207 во машка конкуренција и 155 во женска, од 40 држави.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО