Еди Херн верува дека Вајт ќе го испрати Фјури на спиење, а знае и во која рунда

Нема повеќе билети за боксерскиот спектакл што ќе се одржи на 23 април на Вембли, каде Тајсон Фјури ќе го брани појасот на ВБЦ во тешка категорија против Дилиeн Вајт.

Трибините ќе бидат полни (85.000), а се верува дека организаторите ќе обезбедат повеќе места на стадионот со поставување дополнителни столчиња на теренот до рингот.

Познатиот промотер Еди Херн не е директно вклучен во мечот, но со години се грижи за кариерата на Вајт.

Сопственикот на Мечрум бокс смета дека неговиот боксер има што да покаже на мечот против Џипси кинг.

„Фјури нема многу почит и лесно ја сфаќа огромната моќ и разорниот удар на Вајт. Не би бил изненаден ако Дилиен го испрати Фјури на спиеење. А, нокаутот може да се случи во 11. Рунда“, убеден е Еди Херн.

На Фјури за тој меч му се загарантирани 29,5 милиони, а Вајт ќе заработи 7,4 милиони долари. Победникот на мечот ќе биде награден со уште 4,1 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО