Еди Херн: Пулев ќе си го добие мечот со Џошуа!

Кубрат Пулев ќе си го добие мечот со Ентони Џошуа, вети промоторот на светскиот шампион во тешка категорија Еди Херн.

„Ентони ќе ја направи одбраната на појасот на ИБФ против Кубрат Пулев, но прво треба да спроведе задолжителната одбрана на титулата на ВБО, што најверојатно ќе биде против Дилиен Вајт. Повторно велам дека претпочитам следниот противник да биде Дионтеј Вајлдер. Но потребно е да се приспособиме на Пулев и тој ќе добие својата шанса кон крајот на 2019-тата или почетокот на 2020 година“, обсни Херн.

„Во моментов прво е потребно да се направи одбраната на појасот на ВБО, a потоа – на ИБФ. Треба да се истакне дека битка за обединување на титулите има предност и задолжителните одбрани може да се одложат заради неа. Ако Фјури победи против Вајлдер, прашањето ќе се реши само по себе, бидејќи Вајлдер ќе има право да се реваншира“, додаде промоторот.

„Јас, како патриот, сакам да победи Фјури, но за кариерата на Ентони е подобро да се соочи со Вајлдер – тој е нашата главна цел. Ако се свртиме кон американскиот пазар, сигурно ќе побараме борба со Џарел Милер. Дуелот против него ќе ни овозможи да прибереме и „регуларната“ титула на ВБА, но се уште ништо не е сигурно за Америка“, вели Херн за Фајт њус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО