Пред неколку дена Еди Херн, промоторот на шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа, даде долго интервју и одлучи да зборува за борбата со Вајлдер. Херн ги прочитал зборовите на менаџерот на Вајлдер, Шели Финкел, кој е убеден дека Вајлдер ќе го нокаутира Џошуа и ќе ја урне империјата на Херн, Мечрум боксинг. Еди верува во вештините на неговиот борец и го предизвикува Вајлдер да влезе во рингот со него и да се обиде да ја урне неговата империја. Херн очекува борбата да се одржи оваа година и сака Дионтеј да го скрши, се разбира, ако може.
„Неговиот менаџер коментираше дека Вајлдер ќе ја уништи мојата империја. Вели ако Вајлдер го удри Ентони Џошуа, тоа ќе биде крај на Мечрум боксинг. Дионтеј, направи го тоа! Заврши ме. Не зборувај на празно, туку направи го тоа. Урни ја мојата империја. За нив тоа не е важен борецот, туку бизнисот. Финкел го меша со Мечрум боксинг, но каква има врска со тоа? Ние само сакаме да ја направиме борбата“.
Во мај, Вајлдер ќе ја брани титулата во тешка категорија против Доминик Бризил, а Џошуа нешто подоцна во САД ќе го брани појасот против Џарел Милер.