Еди Херн: Филип Хрговиќ веднаш ќе бара меч за титулата

Филип Хрговиќ го победи Австралиецот Демси МекКин со прекин во 12. рунда на боксерски настан во Лондон минатиот викенд и го задржа статусот на задолжителен предизвикувач на ИБФ.

Непоразениот хрватски тешкаш така стигна до 16. триумф во кариерата и ќе биде прв во низата за мечот против подобриот од борбата Усик – Дубоа.

Боксерскиот промотор Еди Херн потврди дека Филип ќе бара борба за титулата веднаш по мечот меѓу Усик и Дубоа.

Украинецот ќе ги брани шампионските појаси на ИБФ, ВБА и ВБО против британски борец на 26 август во Полска.

„На Хрговиќ му требаше борба против МекКин, бидејќи мора да биде активен. Од ИБФ потврдија дека по пресметката меѓу Усик и Дубоа веднаш ќе му наредат на Филип да биде предизвикувач во мечот за титулата. Хрговиќ ќе се бори со победникот од тој дуел“, рече Еди Херн и додаде:

„Филип треба да се издигне на уште повисоко ниво, бидејќи чувствувам дека тоа сега нема да му биде доволно. Нема да го видиме најдоброто од него на ова ниво. Има 30 години, сè уште е млад, но треба да биде активен за конечно да се тркалаат работите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО