Еди Херн е подготвен мечот Џошуа-Пулев да го одложи за еден месец

Промоторот Еди Херн, кој манеџира со Ентони Џошуа, призна дека размислува да го одложи долгоочекуваниот судир со Кубрат Пулев за три од четирите титули во тешка категорија. Но Херн рече дека одложувањата е само еден месец и зависи од одлуките на Фудбалската асоцијација на Англија.

Бидејќи битката за Џошуа-Пулев е закажана на стадионот на Тотенхем, треба да се земе предвид и евентуален нов распоред за фудбалскиот клуб, за кој во моментов се дискутира од раководителите на фудбалот.

„Единствениот услов на Ентони за овој меч беше да се одржи во Велика Британија. Има многу време до 20 јуни, така, тоа е планот. Коментираме за состојбата со раководството на Тотенхем. Имаме стратегија за иднина, но јасно е дека Премиер лигата ќе игра голема улога за следните одлуки.Ние сме подготвени да објавиме нови датуми и може да се настанат промени.

Се надеваме дека нема да стигнеме до таму, но можеби ќе треба да го смениме датумот. Подготвени сме да го одложиме мечот за јули, но засега се надеваме дека ќе си остане 20 јуни. Планиравме многу настани, но сите тие можат да претрпат промени“, рече Херн за Скај спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО