Еди Херн: Александар Усик на 18 мај во Њујорк ќе се бори со Поветкин, Паркер или Ортиз

Британскиот промотор Еди Хeрн објави дека „апсолутниот“ светски шампион во лесно-тешка категорија (до 90, 7 кг) Александар Усик ќе дебитира во тешка категорија (+ 90, 7 кг) на 18 мај во САД, најверојатно во дуел против Александар Поветкин , Џозеф Паркер или Луис Ортиз.

„Усик следната борбаќе ја има на 18 мај во САД“, вели Еди Херн.

„Негов ривал најверојатно ќе биде некој од редот Александар Поветкин, Џозеф Паркер и Луис Ортиз. Иако Поветкин и Паркер потврдија учеството во картичката на Дилиен Вајт, која е закажана за 20 април во „02 арена“ во Лондон. Треба да рабереме кој има желба да се бори со Усик. Сепак, тој е подготвен да се бори со Ортиз, Паркер и Поветкин. Со секој од овие момци“, додаде Херн.

„Дали би сакал Усик да се сретне со некој од нив? Не! Но, тој го сака! Јас би го советувал да избере полесен ривал за првата битка во тешка категорија, но тоа се боксерите, со кои тој сака да се пресмета, а претпоставувам дека и затоа навивачите го сакаат толку многу“, рече Еди Херн.

Луис Ортиз има закажан дуел против Кристијан Хамер на 2 март во „Барклис центарот“ во Њујорк.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО