Бразилска хероина: БЏЏ натреварувачка го држела крадецот со давење од позади до доаѓањето на полицијата! (ВИДЕО)

Сите светски портали што ја следат бразилската џиу џица и други „граплинг“ дисциплини известуваат за хероината од Бразил кој го запре и го онеспособи крадецот до пристигнувањето на полицијата.

Целиот овој храбрар чин беше снимен од камерата на минувач, а 26-годишната Патриша Мело буквално преку ноќ стигна до насловните страници на медиумите. Што точно се случило?

Мело поминувала низ улиците на својот град Кашијаса до Сула во северниот дел на Бразил, видела како човек истрчува од продавницата за чоколади и панично бега од чуварот во продавницата. Реагирала спонтано, го пресретнала средовечниот човек, го соборила на подот и на крајот го онеспособила со зафатот задушување – “rear naked choke” (давење од позади). Успешно го држела се до пристигнувањето на полицијата.

Бразилските медиуми јавуваат дека се работи за девојка која има сини БЏЏ појас и дека веќе има искуство во БЏЏ натпреварувањата. Официјалната веб-страница на УАЕЈЈФ (UAEJJF) е наведена како натпреварувачка од Алијанс БЏЏ семејството.

Неодамна боречките меидуми пишуваа за уште една храбра девојка – УФЦ воинката Полјани Вијана, која совлада арамија во Рио де Жанеиро. Чекајќи пред својот стан во населбата Жакарепагуа Убер да ја собере и да ја превозе на друга локација, Вијана беше нападнат од непознат човек кој се обиде да ѝ пристапи што пнезабележан. Но, тоа , се покажало, како многу лоша идеја за напаѓачот, бидејќи во следните неколку моменти тој буквално беше демолиран од многу способната воинка. И претседателот на УФЦ, Дана Вајт, ја пофали Вијана за храброста …

https://www.youtube.com/watch?time_continue=5&v=mwx-36Z5fa0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО