АктуелноЕвропски првенстваКарате

Бојан Костов ќе се бори златниот медал на Европското првенство во Данска, Стојановиќ загуби за бронзата

Бојан Костов ќе се бори за златниот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Алборг, Данска, во категоријата до 52 килограми против Русинот Ахмет Ахмедов.

Костов до финалето извојува четир победи и тоа против Себастијан ван Тефелен (Холандија) 3-1, Јакуб Цернички (Словачка) 2-0,  Матеа Бустеми (Италија) 1-0 и Бојан Костов – Мухамед Оздемир (Германија) 0-0.

Стефан Стојановиќ (-70 кг) во борбата за борнзениот медал загуби од Полјакот Хуберт Јорицки со 0-8, со што го освои петото место.

Од натпреварувачите во кати само Александар Неделковски помина во вториот круг и за малку не велзе во борбата за медали, на крајот е 11-ти.

На првенството има 1092 учесиници од 51 држава.

Резултати

Кадети
-47 кг
Ивона Станковска – Ема Сгардели (Хрватска) 2-0
Ивона Станковска – Леа Барос (Португалија) 0-0

+54 кг
Магдалена Божиновска – Кетрин Тачкер (Израел)  0-2

-52 кг
Бојан Костов – Себастијан ван Тефелен (Холандија) 3-1
Бојан Костов – Јакуб Цернички (Словачка) 2-0
Бојан Костов – Матеа Бустеми (Италија) 1-0
Бојан Костов – Мухамед Оздемир (Германија) 0-0
Финале
Бојан Костов – Ахмет Ахмедов (Русија)

-63 кг
Омер Муслии – Матвеј Глишчински (Русија) 0-4

-70 кг
Стефан Стојановиќ – Адам Дворак (Унгарија) 3-0
Стефан Стојановиќ – Рис Харли (Шкотска) 4-0
Стефан Стојановиќ – Артјом Јермоалеав (Латвија) 1-5
Репасаж
Стефан Стојановиќ – Матиас Мали (Чешка) 3-3
За бронза
Стефан Стојановиќ – Хуберт Јароцки (Послка) 0-8

+70 кг
Антонио Додиќ – Константинос Папацергиос (Германија) 0-1

Кати
Кадети
Јована Манчевска 19,4 поени 6-та во 2-група
Крисијан Бајовски 22,9 поени 6-ти во 1-група

Јуниори
Владанка Аврамова 23,0 поени 5-та во 3-група

Александар Неделковски 22,78 поени 1 во 1-група
Втора фаза
Александар Неделковски 21,92 поени дели 4-то место во Р2-Г1 (не помина во наредната фаза за медали)

Ката тим жени (Аврамова, Грозданова,Маневска) 2,30 поени 5-ти о 1-група

У-21
Матеа Талеска 21,34 поени 6-та во 1-а група

Ipon.mk

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON