Еди Алварез во преговори за бокс меч со Оскар де ла Хоја

Поранешниот шампион на УФЦ, Еди Алварез неодамна беше дисквалификуван на ОНЕ на ТНТ 1 во Сингапур, откако во првaтa рунда го удри Молдавецот Јури Лапикус во задниот дел на главата. Толку неславно заврши последната епизода на американскиот борец кој наскоро може да заплови во боксерските води.

Имено, во разговор со познатиот новинар на ММА, Ариел Хелвани, тој откри дека сака да влезе во рингот против еден од најдобрите боксери во историјата на Оскар де ла Хоја.

„Разговаравме со луѓе од тимот на Оскар де ла Хоја. Сакам да испишам историја и да ја освојам титулата ОНЕ шампионот. Тоа е мојата цел, но има и нешто друго. Мислам дека шампионот Кристијан Ли ќе се одмора, бидејќи неговото бебе доаѓа наскоро“, рече Еди Алварез и додаде:

„Секако дека би сакал да боксирам против Де ла Хоја. Би било одлична борба и мојот народ во Филаделфија ме поддржува. Секој би бил со мене и тоа би било голема работа. Би го исполнил својот сон, верувам дека би изгледал добро против него, би имал шанса. Се надевам на договор, навистина сум возбуден“.

Интервјуто на Ариел Хелвани со Еди Алварез погледнете го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON