Фјури ќе се бори, со или без Џошуа

Тајсон Фјури (30-0-1) е веќе во режим на тренинг и дури и ако не успее мечот со Ентони Џошуа (24-1), тој ќе влезе во рингот налето. Ова го објави неговиот татко Џон Фјури за Скај спорт. Тој изрази надеж дека сепак ќе се одржи средбата за обединување на сите светски титули во тешка категорија, но во исто време, ако тоа не се случи, тоа нема да биде толку сериозна загуба за неговиот син. Во моментов е познато дека двајцата светски шампиони треба да се сретнат на 24 јули. Сепак, сè уште не е познато каде ќе се одржи борбата, иако има гласини за повеќе дестинации – Саудиска Арабија, Велика Британија и САД.

„Како и да е ќе се бориме. Со или без ЕЏ, Тајсон налето ќе се врати во рингот. Се надевам дека Еди ќе се справи со тоа. Тој се обидува, го дава својот максимум. Не можете да очекувате дека Боб Арум (еден од менаџерите на Фјури) ќе патува низ светот со 90 години, или Френк Ворен (другиот агент на Тајсон) со 70 години. Еди е млад човек. Тој навистина заврши одлична работа, ми се допаѓаат неговите интервјуа. Тој е кул и татко му може да биде горд на него. Сепак, да не избрзува со објава веста дека средбата е договорена, бидејќи сè уште не е.Не му е лесно, бидејќи патува низ целиот свет за да го продаде овој меч што е можно најдобро. Проблемот е во тоа што никој не сака да направи таква инвестиција, бидејќи ова е вистинскиот натпревар, но во погрешно време“, изјави Питер Фјури.

Додека таткото на светскиот шампион на ВБЦ ја сумира ситуацијата, Тајсон веќе е во Лас Вегас и покажува прилично завидна форма на социјалните мрежи. Тој објави видеа како тренира со рацете и се бори во сенка. Британецот се подготвува за враќање, бидејќи не боксирал од февруари минатата година, кога во седмата рунда го нокаутира Дионтеј Вајлдер (42-1) и му го одзеде појасот. ЕЏ беше малку поактивен, бранејќи ги појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО на мечот со Кубрат Пулев на 12 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО