Еди Алварез: Конор никогаш нема да го победи Хабиб

Конер Мек Грегор никогаш нема да го победи Хабиб Нурмагомедов, вели поранешниот шампион на УФЦ и Белатор, Еди Алварез.

„Сето е во прашање на стиловите. Тој на Хабиб е таков што совршено му одговара против Мек Грегор. Колку и да се занимава Конор со борење, нема да се смени. Мислам дека Хабиб повеќе нема да се бори. Судот му предложи намалување на казната на шест месеци, но тој објави дека ќе пропушти една цела година. Мислам дека не сака да се бори и ретко се бореше и пред да биде суспендиран. Можно е само да го земе појасот и да се откаже“, вели Алварез.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО