Флојд Мејведер е еден од најпопуларните спортисти на денешницата, но во исто време и омразен поради некои негови потези. Непоразениот боксерски шампион е исклучително богат, успешен и тоа не го крие, напротив го покажува во секоја можна прилика, а многумина тоа ги иритира.
Сепак, тоа што Мејведер низ текот на ноговата досегапна кариера заработи речиси една милијарда долари, а во моментов „тежи“ околу 600 милиони, не го спреќува да заработи и на „обичните смртници“.
Имено, тој се приклучи на една популарна социјална мрежа на која, навивачите можат да разговараат лично со него, а еден таков инетерен разговор чини 1500 долари.
Слично на ова, Мајк Тајсон, кој сеуште е мега звезда својот разговор го наплатува 300 долари.