Витали Кличко беше и кик бокс шампион! (ВИДЕО)

Витали Кличко три пати ја освојуваше титулата во тешка категорија и беше познат по својата доминација во рингот која заврши со неговото пензионирање, но пред да стане боксерска ѕвезда, тој беше и фантастичен натпреварувач во кик бокс.

Украинецот, кој е постар брат на поранешниот шампион Владимир, и актуелен градоначалник на Киев, првата титула ја освои во 1999, по што ги врати појасите во 2004 и уште еднаш во 2008.

Но, во раните 1990-ти, постариот Кличко имаше одлична аматерска кик-бокс кариера, на која се потсетија многумина со интересно видео во кое тој го победува јапонскиот ММА фајтер, Рјуши Јанагисава. 48-годишниот Кличко беше двократен светски шампион во кик-бокс во аматерска конкуренција, а победи и четири пати на професионални турнири.

Виталиј Кличко загуби од Ленокс Луис во последниот меч на Британецот во 2003 година поради исеченица на лицето и многумина сметаа дека Луис се исплаши да му даде римеч. Кличко потоа стана шампион со победа над Кори Сандерс.  Тој првпат се пензионираше по победата на Дени Вилијамс поради повреда, предавајќи ја ВБЦ титулата, но во 2008 година се врати со победа над Семјуел Питер за да стане светски шампион трет пат и уште девет пати ја одбрани титулата во четири години, пред во 2013 да замине во пензија.

Бирмејн Стиворн потоа ја освои слободната титула во 2014, но ја загуби во првата одбрана од Дионтеј Вајлдер, кој беше ВБЦ шампион до оваа година кога загуби од Тајсон Фјури.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО