Е тоа нема да помине, порачаа иницијаторите за свикување на вонредно Собрание на КФМ

Клубовите иницијатори за свикување на вонредно Собрание Карате федерацијата на РС Македонија упатија загрижувачко писмо пред уртешното Собрание. Тие се сомневаат во манипулации со бришењето на поедини клубови и додавање на клубови кои повеќе од 10 години го нема во каратето.

Писмото ви гро пренесуваме во целост.

„Постојаното раководство на чело со неспособниот претседател и почесниот претседател преплашени за својата судбина од ден во ден влегуваат во се поголеми криминали и задкулисни игри. Досега на секое собрание на КФСМ се даваа полномошна од еден клуб на друг човек од друг град само да има кворум и да се изгласа бараната одлука. За тоа имаме безброј примери и докази.

Штотуку го добивме списокот на клубови кои имаат право на глас на Собранието закажано за 15 октомври 2022 година. Од претходниот список кој го добивме пред месец дена на фантомски начин исчезнува карате клубот Супериор, клуб кој учествуваше на двете последни Собранија на Карате федерацијата, има платено членарина и има настапи на државните првенства на Македонија. Како и зошто!?

И уште пострашно се вметнаа три нови клубови кои ги нема во каратето повеќе од десет години: Теута, Канку, Карпош и Брвеница.

Почитувани колеги тренери вие кои ги подржувате да останат на власт овие криминалци. Дали два три човека во Федерацијата ве прават вас и нас, сите заедно малоумни па не знаеме дека овие клубови не постојат повеќе од 10 години. Дали тие не ја потценуваат нашата интелигенција. Нели е ова невиден криминал.

Тоа нема да помине.

Нели е ова доволен доказ да се здружиме и сите зсаедно да им кажеме доста“, велат клубовите иницијатори за вонредно Собрание на КФМ.

Список на клубови со право на глас на Вонредното Собрание 15.10.2022

(Овој допис го изразува личното мислење на авторите и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на Ипон.мк.)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО