Александар Волкановски повеќе би сакал да се бори со Чарлс Оливеира отколку со Ислам Махачев

УФЦ најде многу атрактивна замена во случај Чарлс Оливеира или Ислам Махачев да го откажат настапот на настанот што ќе се одржи на 22 октомври во Абу Даби.

Имено, шампионот во перолесна категорија Александар Волкановски ќе биде резерва за главната борба на настанот УФЦ 280.

Австралиецот со македонско потекло е подготвен да влезе како замена во мечот за титулата во лесна категорија доколку некој ја пропушти границата на тежината, односно ако се повреди или се разболе.

Во разговор со Ариел Хелвани, Волкановски откри со кого би сакал да се бори.

„Ќе бидам искрен, тоа е Чарлс Оливеира“, рече Александар Волкановски и продолжи:

„Чарлс би бил подобар противник за мене, околу него има многу возбуда. Сите го сметаат за шампион, па ако го победам, тогаш сум најдобар. И кога би се борел со Ислам и би го победил, тогаш луѓето би рекле дека сум шампион, но сепак морам да го победам Чарлс. Мечот со Оливеира би бил поголема борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО