Ѕвездата на Игра на троновите влегува во боксерскиот ринг

Двајца огромни снагатори ќе ги одмерат силите во боксерскиот ринг.

Хафтор Бјорсон, попознат како „Планината“ од серијата „Игра на троновите/ Game of Thrones“ на ХБО, ќе се бори против друг силен човек, Еди Хол.

Двајцата ги освоија титулите „Најсилен човек“ во светот.

Борбата е закажана за септември следната година во Лас Вегас.

31-годишниот Исланѓанец во саботата го собори рекордот во мртво кревање тегови, подигниувајќи 501 килограм со службен судија и следејќи ги правилата на најсилните во својата салаа. Претходниот рекорд го имаше токму Хол (500 кг), поставувајќи го во 2016 година.

Еглез Хол (32) во минатото спарингуваше со Хјуи Фјури, додека Бјорнсон тренираше со Конор Мек Грегор.

Настанот ќе биде со плати па гледај, чиј домаќин е Core Sports, компанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО