Џудо федерацијата обезбеди финансиска поддршка и ги ослободи клубовите од котизација

За неколку месеци Џудо федерацијата на Македонија озбезбеди втора финансиска помош за клубовите и ги ослободи од плаќање на годишната котизација, со цел да им помогне да го надминат овој кризен период во кој коронавирусот има огромно влијание врз џудо спортот.

Овие одлуки беа донесени на редовната седница на Извршниот одбор одржана во сабота на 3 април во Прилеп.

Покрај овие две точки, Извршниот одбор дискутираше и за влијанието на короната и за можниот почеток на сезоната во следниот период. На седницата активно учество зедоа и селекторите и претседателите на комисиите кои најпрво се осврнаа кон се она што го сработија во изминатите неколку месеци, а потоа дадоа и свои видувања за предизвиците со кои што ќе се соочуваат во следниот период како резултат од негативните последици од коронавирусот.

ИО ги усвои ранг-листата за 2020 година, планот, програмата и календарот за 2021 година, ккао и правилата за учество на државни првенства и натпревари во 2021 година  и правилникот за рангирање.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО