АктуелноДомашна сценаЏудо
Џудистите на подготовки во Струга за Балканското првенство за помлади пионери

Најдобрите македонски џудисти во категорија помлади пионери вчера ги почнаа подготовките во Струга и ќе одржуваат до 19 септември.
Целта на подготовките темпирање на формата за Балканско првенство за помлади пионери кое ќе се одржи од 24 до 25 септември во Пале, Босна и Херцеговина.
Стручниот тим на ЏФСМ на овие подготовки треба да ја изврши финалната селекција на репрезентативци кои ќе настапат на ова првенство.



