Џудистите на Дрим освоија 6 медали на „Рожаје 2021“ во Црна Гора

Џудистите на Дрим од Струга освоија 6 медали – 2 златни и 4 бронзени на Меѓународниот турнир „Рожаје 2021“ во Црна Гора.

Златни медали освоија Драгица Рафтоска и Доријан Петкоски, додека со бронзи се закитија Далибор Ангелкоски, Амар Бајрамоски, Анамарија Стојмиловкса и Јаков Јовчески, а Матеј Балоски е петти.

„Џудистите прикажаа одлични борби и заслужено стигнаа до медалите. Но, тука не застануваме, наредната недела на 3 октомври ќе учествуваме на меѓународен натпревар во Бор, Србија“, велат од Дрим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО