Џозеф Паркер во рингот со непоразен боксер

Џозеф Паркер и Јуниор Фа за прв пат ќе се сретнат во професионалниот ринг. Екипите на двајцата Новозеланѓани се согласија да го одржат мечот на 11 декември во Спарк арената во Оукленд, Нов Зеланд.

Официјалната прес-конференција, на која ќе учествуваат двајцата боксери и нивните менаџери (Дејвид Хигинс и Марк Кедел), ќе се одржи на 13 октомври (вторник) во Спарк сити, Оукленд.

Џозеф Паркер и Јуниор Фа досега имале четири средби, но сите се во аматерска конкуренција. Секој од нив има по две победи.

Паркер (28) е поранешен светски шампион во тешка категорија на ВБО. Тој има биланс од 27 победи (21 со нокаут) и 2 порази (од Ентони Џошуа и Дилиен Вајт). Тој е рангиран на 12-тото место меѓу најтешките во авторитетното рангирање на страницата boxrec.com („Бокс Библија“).

На истото рангирање Фа е на 31-то место. 30-годишниот боксер има биланс од 19 победи (10 со нокаут).

Двајцата се многу блиски на ранг-листата на ВБО. Паркер е број 3, а Фа е број 5.

Тие остварија победи на последните мечеви во рингот. Паркер го победи Шондал Винтерс со технички нокаут во 5-та рунда во февруари, а Фа со едногласна одлука го победи Девин Варгас во ноември 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО