Џошуа со брутален нокаут во втората рунда го победи Нгану, Паркер го совлада Жанг

Поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа ја продолжи победничката серија. Британецот со одличен настап во Кингдом арената во Ријад експресно го демолираше Френсис Нгану и победи со брутален нокаут во втората рунда.

Веќе првата рунда понуди многу возбудувања. Откако и двајцата разменија неколку удари, Џошуа со силна десница го собори Нгану.

Ентони продолжи во ист ритам и во втората рунда, соборувајќи го уште еднаш Камерунецот. Френсис стана, но во следниот напад на Џошуа тој повторно заврши на подот и приказната беше завршена.

Триесет и четиригодишниот Британец со тоа ја продолжи успешната серија и со нов триумф ги потврди амбициите наскоро да добие шанса да се бори за светската титула.

Минатата година, по двата порази од Усик, Џошуа се врати со три победи против Џермејн Френклин, Роберт Хелениус и Ото Валин.

Ова беше втор боксерски меч за Нгану во неговата професионална кариера. На крајот на октомври, во своето деби, загуби со поделена одлука против Тајсон Фјури.

Изгледа дека на Нгану му треба уште време за да се доближи до најдобрите боксери во тешка категорија.

Двајцата борци ќе земат дома значителен надомест по мечот.

Британскиот боксер со оваа борба ќе заработи најмалку 50 милиони долари, а хонорарот ќе биде уште поголем кога ќе се додаде процент од ППГ.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија ќе заработи најмалку 20 милиони долари.

По триумфот против Дионтеј Вајлдер, Џозеф Паркер извојува уште една голема победа.

Новозеландецот со мнозинска одлука го победи Кинезот во тешка категорија Жилеј Жанг во борбата за титулата и го освои привремениот шампионски појас на ВБО.

Жанг двапати го собори Паркер, но тоа не беше доволно за да му донесе победа против големиот новозеландски борец.

По две рунди во кои борците ја тестираа својата сила, Жанг тргна поагресивно во третата и со моќна левица го собори Паркер.

Кинезот се обиде да го заврши мечот, но Џозеф ги издржа силните удари на Жанг.

Четвртата рунда веќе понуди поотворена битка со двајцата мажи кои упатија одлични удари кои ја погодија целта.

Во продолжение Паркер тргна многу порешително и беше подобар од Жанг, но во осмата рунда повторно беше соборен.

Левата страна на Џанг блесна уште еднаш и Новозеландецот падна на коленото.

Но, последните четири рунди му припаднаа на Паркер, кој на крајот го победи Жанг со мнозинска одлука на судиите и стана нов сопственик на привремениот шампионски појас на ВБО.

Тоа беше втор пораз за Кинезот во неговиот 29. професионален настап, првиот го претрпе во 2022 година на мечот против Филип Хрговиќ.

Реј Варгас ја задржа титулата на ВБЦ во перо категорија откако неговиот меч против Ник Бол заврши нерешено.

Израел Мадримов со наокут во петтата рунда го совлада Магомед Курбанов и го одбрани појасот ВБА во супервелтер категорија.

https://twitter.com/mosvinbami/status/1766263802494955588?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1766263802494955588%7Ctwgr%5Eacb1c7546f77e84f8441981666c84ac0ba3ef5ee%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fdzhoshua-so-brutalen-nokaut-go-zaspa-nganu-vo-vtorata-runda-kamerunecot-se-osvestuvashe-so-kislorodna-maska-video%2F

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOME OF FIGHT (@homeoffight)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО