Џошуа прогнозираше кој ќе победи на мечот Фјури – Вајлдер

Ентони Џошуа, кој е светски шампион на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО, прогнозираше кој ќе победи на претстојната трета пресметка меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер.

„Вие сте добри како и вашиот последен настап. Не е важно кој ќе победи. Но, Фјури го доби последниот меч, па така ќе го посочам него, затоа што вие сте толку добри колку е последното претставување. Им посакувам успех на двајцата“, изјави Џошуа за Токспорт.

Тајсон Фјури ќе се сретне со Дионтеј Вајлдер во третиот меч меѓу нив. Средбата ќе се одржи на 24 јули во Т-Мобиле арената во Лас Вегас, Невада.

Потсетуваме, Вајлдер ја загуби светската титула во вториот меч со Тајсон Фјури што се одржа на 22 февруари 2020 година. Првиот не даде победник, бидејќи заврши нерешено.

Во меѓувреме, Ентони Џошуа ќе одмери силите со Александар Усик на 25 септември. Тоа е битка меѓу двајца олимписки шампиони. Средбата најверојатно ќе се одржи на стадионот на фудбалскиот тим Тотенхем, бидејќи Џошуа ќе ги брани сите свои титули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО