Поранешниот шампион на ВБА, ИБФ и ВБО верзијата во тешка категорија, Ентони Џошуа (27-3) призна дека не е задоволен од победата со едногласна одлука над Џермејн Френклин (21:2).
„Јас сум разочаран. Навивачите треба да го знаат тоа. Зошто разочаран? Затоа што не победив со нокаут. На луѓето им е преку глава од борби во 12 рунди. Тоа е досадно“, изјави Џошуа по борбата.
Џошуа синоќа го победи Френклин со едногласна одлука (118:111, 117:111, 117:111). Борбата се одржа во „О2 Арената“ во Лондон.