Џошуа и Усик ќе се пресметаат на 25 септември на стадионот на Тотенхем

Светскиот шампион во бокс Ентони Џошуа (24-1, 22 КО) ќе ги брани титулите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО против Александар Усик (18-0, 13 КО). Нивната пресметка е закажана за 25 септември на стадионот Тотенхем во Лондон. Веста за медиумите ја соопшти главниот организатор на настанот, Еди Херн.

Мечот меѓу Џошуа и Усик ќе се одржи дури два месеци по борбата меѓу Фјури и Вајлдер, кои ќе се борат на 24 јули во Лас Вегас.

За Ентони тоа ќе биде втора одбрана на титулата откако си ги врати во декември 2019 година против Енди Руиз.

Џошуа последната борба ја имаше пред седум месеци кога го победи Бугаринот Кубрат Пулев со нокаут во деветтата рунда.

Последен пат Усик боксираше во октомври минатата година кога со одлука на судиите го победи Дерек Чисора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО