Џошуа и Фјури се договорија за два меча

Промоторот Еди Херн потврди дека се договорени два боксерски меча меѓу британските големци, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

Британската, но и светската јавност долго очекуваат меч меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури по кој треба да се дознае во моментов кој е најдобриот боксер во тешка категорија.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн потврди дека се договорени два меча против Тајсон Фјури.

„Главната позитивна вест е дека Џошуа и Фјури се договорија за двомеч“, вели Херн.

Договорот се уште не е потпишан бидејќи треба да се договорат уште детали. Тој вели дека најтешкиот дел од секое договарање се финансиските детали

Треба да се одредат и датуми и места за борбите, но првата би требало да биде летото 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО