Абделазис до Конор: Пи*ко сега седи и гледај како се борат вистинските мажи

Aли Абделазис, менаџерот на Хабиб Нурмагомедов го провцира Конор Мек Грегор откако објави дека се повлекува од ММА борбите.

Конор, Хабиб и нивните луѓе подолго време се во отворен конфликт кој кулмнираше со борбата и хаосот надвор од кафезот на УФЦ 229 во Лас Вегас.

Следната борба на Хабиб требаше да биде против Гејџи, барем така се шекулира, кој неодамна го победи Тони Фергусон. Мек Грегор бараше борба со Гејџи, но не ја доби бидејќи одби да се бори со Фергусон место Гејџи. Конор тогаш изјави дека тој не е борец за замена и дека не сака така да се третира.

„Требаше да биде фраер и да се бори против Фергусон. Се криеш од него со години. Џастин скокна и се покажа. Пи*ко сега седи и гледај како се борат вистинските мажи“, му порача Абделазис на Твитер.

Гејџи и Нурмагомедов би требало да се борат до крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО