Џошуа ги знае триковите на Фјури: Тое нема да му помине против мене, затоа ќе пати

Ентони Џошуа се подготвува за пресметката против Кубрат Пулев што ќе се одржи на 12 декември во лондонската О2 арена.

Британскиот боксер ќе ги брани титулите ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија против Бугаринот Пулев.

Џошуа се надева дека ќе има барем една борба следната година против Тајсон Фјури, кој го држи појасот на ВБЦ, за титулата апсолутен шампион во тешка категорија.

– Фјури е интелигентен и она што го направи против Вајлдер беше добра тактика за специфичен вид на борба. Ја препозна слабоста на Вајлдер, дека не може да се бори со задната нога. Тоа добро го искористи“, рече Ентони Џошуа.

Тајсон има свој стил на боксирање и тоа му помина противј Дионтеј Вајлдер. Но, нешто ќе мора да промени ако сака да изненади, бидејќи Џошуа ги знае триковите на Фјури.

– Фјури знае дека можам да се борам и од задниот дел, како и со предната нога. Тој знае дека ќе страда ако се обиде да ме нападне на ист начин“, рече Џошуа и објасни:

„Затоа што можам да му контрирам со директ, како и со десницата од дистанца. Но луѓето тој меч сакаат да го гледаат уште повеќе сега кога се знае дека и двајцата можеме да се бориме во различни стилови.

А, кој е попопуларен -Џошуа или Фјури?

„Тајсон Фјури е талентирано момче и ја заслужува секоја пофалба. Но, кога зборуваме за неговата популарност, ако Фјури можеше да продаде стадион со 90.000 гледачи, тоа веќе ќе би го направил“, рече Ентони Џошуа и заклучи:

„Тој никогаш не привлекуваше голем број на гледачи, а тоа ќе се случи само во борбата против мене. Приближно исто толку гледачи ја следеа мојата борба против Владимир Кличко и Александар Поветкин на Вембли“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО