Џошуа е готов со изборот на нов тренер

Ентони Џошуа сега е подготвен да избере нов тренер кој ќе му се приклучи на неговиот штаб и ќе се обиде да му помогне во реваншот со Александар Усик. Според менаџерот на Британецот – Еди Херн, во наредните недели треба да има официјална потврда на оваа вест.

Еј Џеј ќе се обиде да ги врати светските титули на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија кои ги загуби од Украинецот среде Лондон. Веднаш по битката од 12 рунди на стадионот на Тотенхем, тимот на поранешниот шампион соопшти дека е подготвен да направи промени за да го врати тронот.

Во оваа фаза се уште не е јасно дали Роб МекКрекен, кој е со Еј Џеј од неговите први аматерски чекори, ќе остане негов главен тренер. Индициите се дека тоа ќе остане така, а идејата на Британецот е да додаде ново име за да помогне со совети и да воведе нешто поинакво во однос на стратегијата. Сепак, можно е да има целосна промена на штабот.

„Еј Џеј има добра идеја да ангажира нов тренер. Блиску сме до објавување на оваа вест. Тој е многу возбуден. Веќе ја донесе одлуката, па се работи за дотерување на деталите. За 3-4 недели Џошуа влегува во подготвки, а претходно ќе го имаме официјалното име“, изјави Еди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON