Конор Мек Грегор најплатен спортист на светот, неверојатно колку зарботува по минута

Големата ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор минатата година беше најплатен спортист во светот по минута помината во арената.

Ирскиот ММА борец минатата година помина само 12 и пол минути на октагонот на УФЦ.

Два пати се бореше со Дастин Пориер и двата пати загуби, во јануари со прекин во втората рунда и во јули кога ја скрши ногата на крајот од првата рунда.

Ноториус минатата година заработил 8,6 милиони долари во минута, според магазинот Форбс!

Конор Мек Грегор е убедливо прв на тоа рангирање пред мексиканската боксерска ѕвезда Канело Алварез, американскиот фудбалер Том Брејди и фудбалерите Нејмар и Кристијано Роналдо.

Магазинот Форбс го прогласи Конор за најплатен спортист минатата година.

Мек Грегор ја понесе и титулата најплатен спортист во 2020 година кога заработи 180 милиони долари.

Пред минатата година се бореше само еднаш во јануари кога по само 40 секунди го нокаутира Доналд Цероне во главната борба на настанот УФЦ 246 во Лас Вегас.

За таа борба заработи 22 милиони долари.

Но, најголемиот дел од неговата заработка дојде од продажбата на мнозинскиот удел во брендот виски Proper No. на комапнијата Twelve Proximo Spirits за 150 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО